HomeАНТИСТРЕСШтосноКукли со ликот на Трамп се повеќе популарни во Москва

Кукли со ликот на Трамп се повеќе популарни во Москва

tramp-1

Сопственици на продавница за сувенири во Москва велат дека традиционалните руски кукли наречени „бабушки“ со ликот на републиканскиот кандидат за претседател на САД се повеќе популарни меѓу колекционерите и туристите. Од друга страна, куклите со ликот на неговата ривалка од демократите Хилари Клинтон не можеа да се најдат во продажба во овие продавници ден воочи изборите во САД.

Еден од вработените во продавницата, во која се продаваат „бабушки“ со ликот на Доналд Трамп, вели дека во последно време најмногу ги купуваат колекционери и странци. Во продавниците за сувенири во Москва, можат да се најдат и вакви кукли со портрети од претседателот Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и некои други лидери од минатото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com