HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКуќата на славни личности на рокенрол музиката: Номинирани Тупак и Перл Џем

Куќата на славни личности на рокенрол музиката: Номинирани Тупак и Перл Џем

По 50-ти пат по ред, публиката ќе има можност да гласа за повеќе од 800 уметници. Гласањето е отворено од денес на страницата RollingStone.com и ќе трае до 6 декември. Меѓу номинираните музичари и бендови се најдоа и Перл Џем, Тупак Шакур, „Depeche mode“ и Џенет Џексон. Рокенлор куќата на славни личности е музеј кој се наоѓа на самиот брег на езерото Ири во центарот на Кливленд, а е основана на 20 април 1983 година од страна на Ахмет Ертегун, основач и претседател на „Atlantic records“.

Музејот е посветен на архивирање на историјата на некои од најпознатите и највлијаелните уметници, продуценти, инжинери и други кои имале некаков важен придонес во светот на музичката индустрија. Прв музичар кој влезе во овој музеј беше Чак Бери,а го претстави Кит Ричардс гитаристот на славните „The Rolling stones“. За да успее да се пријави, секој прв сингл или албум на секој натпреварувач тој мора да бил објавен во 1991 година или порано.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com