Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Неверленд“ на Мајкл Џексон преполн со детска порнографија

„Неверленд“ на Мајкл Џексон преполн со детска порнографија

Мајкл Џексон поседувал голема колекција порнографски материјали, се наведува во извештајот од полицискиот записник направен по претресот на неговиот луксузен имот „Неверленд“.

Долг е списокот фотографии и опишани снимки на голи и полуголи момчиња од тинејџерска возраст, наведени во судските документи од тоа време.

Сето тоа и беше главниот повод за покренување на постапката против „кралот на поп музиката“, по обвинувањата на едно од децата, дека Џексон го злоставил во неколку наврати. Во наводите се вели дека само во спалната соба и во бањата биле најдени вкупно седум компилации од видео снимки.

– Документите го разоткрија Џексон како манипулативен напасник, луд по сексот со деца и по дрогата, кој користел и крв и експлицитни фотографии од жртвување животни и перверзни сексуални акти, со кои ги подјармувал децата. Тој поседувал и одвратни или поточно речено – шокантни снимки од мачења на деца и возрасни, врзување жени и садомазохизам, изјави неименуван извор за порталот „Радар онлајн“.

Меѓу пронајдените материјали се и три албуми, од кои првиот содржи слики од деца, вториот – слики од голи мажи, а третиот – хомосексуални односи меѓу возрасни мажи и малолетни момчиња.

По претресот е издаден налог за апсење на музичарот кој во тој период престојувал во Лас Вегас. Сепак, откако се вратил во Калифорнија, тој самиот и се предал на локалната полиција.