Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКуќата на Хитлер нема да се руши да не се кренат неонацистите

Куќата на Хитлер нема да се руши да не се кренат неонацистите

Австриската Влада донесе одлука за одземање на родната куќа на Адолф Хитлер во местото Браунау од нејзините сопственици. Прифатен е предлогот на министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка да се одземе имотот бидејќи со постоечките сопствениците не беше возможно да се постигне договор за иднината на куќата.

Сепак, куќата нема да биде срушена иако и таа идеја беше ставена на маса. Стравот на Соботка лежи во растот на неонацистичките движења кои сакаат да го вратат култот кон Хитлер. Ако австриската власт решеше куќата да се сруши тогаш сигурно ќе им овозможеше на неонацистите посилно да изразат својот гнев.