Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКукан: Бојкотот на парламентот стана омилен спорт на Балканот

Кукан: Бојкотот на парламентот стана омилен спорт на Балканот

Бојкотот на парламентот се претвори во спорт во Балканскиот регион, но политичката дебата во земјите треба да се води во парламентот, изјави европратеникот Едвард Кукан, за време на вчерашната дебата во Европскиот парламент, насловена „Криза на демократијата на Западен Балкан“.

Како што јавува „Мета“, Кукан, говорејќи за политичката ситуација во Македонија, Албанија, Црна Гора и во Косово, рече дека никој во ЕУ не го сака бојкотот. Тој го осуди порастот на национализмот во регионот, кој, како што рече, политичарите го користат за привлекување гласачи.

– Сенките од минатото не помагаат, а процесот на проширување со текот на годините ќе стане потежок – додаде Кукан.

Еден од дискутантите беше и специјалниот известувач на Европскиот парламент за Албанија, Кнут Флекенштајн, кој истакна дека демократијата во земјите во Балканот е нарушена, а тоа им овозможува на владите да се однесуваат автократски.