Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКуче трчало 125 километри со маратонецот и си пронашло дом!

Куче трчало 125 километри со маратонецот и си пронашло дом!

Дион Ленард од Шкотска неодамна си пронашол партнер за трчање кога поминувал покрај пустината Гоби. На Дион за време на маратонот, долг 125 километри, му се придружило мало, напуштено куче, кое одбивало да застане и да ги напушти маратонците, иако температурата во некои моменти била и 52 степени.

Кучето тргнало по Дион уште од самиот почеток, а до крајот одбивало да застане. Во почетокот трчала со сите натпреварувачи, за потоа да се зближи само со Дион и да не го напушти до самиот крај. Кучето го добило името Гоби, импресионирајќи ги ги учесниците на маратонот со својата издржливост и сила, но и со вниманието кое му го поклонило на Дион.

Gobi

За време на маратонот Дион го носел Гоби и на рамења кога преминувале преку непреодни терени. Секогаш носел дополнителна количина на вода и храна за кучето да има со што да се освежи и нарани. Откако трката ја завршил со сребрен медал, Дион одлучил дека мора Гоби да ја однесе со себе во Шкотска.

Dion i gobi