Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Куче преживеало девет дена под урнатини од земјотресот во Италија

(Видео) Куче преживеало девет дена под урнатини од земјотресот во Италија

Италијански спасувачи извлекле на површина жив златен ретривер кој девет дена било под урнатини во близина на Аматриче, по земјотресот што го погоди централниот дел од Италија.

Пожарникари слушнале лаење на куче по име Ромео кое по извлекувањето од урнатините делувало избезумено, но по неколку чекори веќе мрдало со опашката.

Пожарникарите го пронашле кучето додека со неговите сопственици пребарувале урнатини од нивната куќа во потрага по најосновни работи што можеле да се спасат.