HomeДЕНЕШНАЕкономијаКубанските пури и рум ќе може слободно да се увезуваат во Америка

Кубанските пури и рум ќе може слободно да се увезуваат во Америка

Администрацијата на американскиот претседател, Барак Обама го укина ограничувањето според кое американските граѓани можеа легално да внесат во земјата кубански рум и тутун во вредност до само 100 долари. Американските власти, исто така, го укинаа и ограничувањето на движењето на товарните бродови меѓу Куба и САД, што, како што оценува АП, ќе ја олесни трговијата меѓу двете земји.
kubanski-puri
За кубанскиот рум и тутун сега ќе важат истите царински давачки како и за алкохолот и тутунот од други земји и секој американски граѓанин сега ќе може легално да внесе во земјата кубански производи вредни повеќе илјади долари, што според оценката на АП, на Кубанската држава ќе и донесе повеќе стотици милиони долари нови годишни приходи.

Производството на рум и цигари е целосно под контрола на властите во Куба, наведува американската агенција, додавајќи дека минатата година повеќе од 160.000 Американци ја посетиле Куба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com