HomeДЕНЕШНАСветКуба нема да го преболи: Неколку факти за Фидел Кастро…

Куба нема да го преболи: Неколку факти за Фидел Кастро…

fidel-castro

Куба жали по својот национален симбол. Големиот револуционер Фидел Кастро сосема заслужено ќе остане запаметен во историјата по многу работи, а Куба никогаш нема да го преболи неговото заминување. Тој надживеа многу светски лидери и преживеа многу атентати.

Еве неколку факти ко не сте ги знаеле за Фидел Кастро

Тој имал Езуитско образование. Такво имал и Сталин, но и Бил Клинтон, Бил Мареј, Дензел Вошингтон, Џемс Џојс, Селма Хајек, Мила Кунис. И Доналд Трамп на кратко се броил во друштвото, но издржал само две години

Го држи гинисовиот рекорд за говор во Обединетите Нации: 4 часа и 29 минути (септември 1960)

Најдолгиот говор му траел 7 часа и 10 мифрнути (на Конгресот на комунистите во Хавана, 1986)

Држи и други рекорди но не и оној за најдолговечен шеф на држава: го јадат британската кралица и тајландскиот крал.

Во Гинис влезе неговата омилена крава “Белото виме”, симболот на неговите сточарски и научни реформи. Давала по 110 литри млеко дневно!

Пуштил брада главно за да заштеди време: “Ако се бричиш 15 минути на ден, годишно трошиш 5.000 минути на таа работа”

Омилен писател му беше Ернест Хемингвеј

Во 2.000 година Кастро му подигна споменик на Џон Ленон. Ги сакаше Битлси а Ленон го сметаше за музички револуционер

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com