Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКрвавите коментари на Трамп му донесоа огромен рејтинг

Крвавите коментари на Трамп му донесоа огромен рејтинг

Доналд Трамп според најновата анкета на Ројтерс и понатаму е во водство со 24 проценти и ја зголеми двојно предноста пред Џеб Буш кој сега има само 12 проценти популарност, додека останатите кандидати имаат одвај под 8 проценти. Трамп на првата претседателска дебата продолжи со контроверзните изјави и кон Мегин Кели, водителката на Fox News, упати тешки зборови дека крв и истекува од очите, алудирајќи дека неправедно ја води дебатата и е против него.

Милијардерот Трамп успева да ги собере најконзервативните гласачи на Републиканската партија на кои очигледно не им пречат вакви испади, ниту пак навреди кон останатите политичари или пак мигрантите од Јужна Америка за кои даде оценки дека се дилери, силувачи и убијци.

Трамп се повеќе ја губи подршката од својата партија бидејќи започна вербална војна со сите политичари и нема сојузници, но високиот рејтинг значи дека мора да го чуваат во своите редови за да не се одлеат гласовите. Во продолжение погледнете го конкретниот момент од дебатата и громогласната реакција на публиката.