Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКрвавата тепачка меѓу навивачите резултираше со 14 кривични пријави

Крвавата тепачка меѓу навивачите резултираше со 14 кривични пријави

По вчерашните тешки судири меѓу „Балистите“ од Тетово и „Варварите“ од Црна Гора СВР Тетово поднесе кривични пријави за 14 лица кои се осомничени дека учествувале во тепачката која се случи покрај магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Сретковскиот мост.
varvari avtobusПри судирот два автобуса на навивачите од Црна Гора се целосно демолирани, додека пак десетина се повредени, а двајца и прободени со остри предмети. СВР Тетово соопшти дека пријавите се однесуваат на 11 гостински и 3 домашни навивачи, а понатаму ќе се работи на дополнителна идентификација на сите учесници во инцидентот на кои ќе им следуваат идентични пријави.

За инцидентот во центарот на Скопје каде се судрија „Комити“ исто така со навивачи на Будуќност се уште нема информации за приведени.