Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКрвава вечер во тетовската населба Дреновец, повредени се пет лица

Крвава вечер во тетовската населба Дреновец, повредени се пет лица

Пет лица се повредени во вооружена престрелка што се случила ноќеска во 00.10 часот во населбата Дреновец, Тетовско, каде се користело и огнено и ладно оружје.

Со тешки телесни повреди се здобиле трите лица Е.О.(22) кој имал прострелна рана во пределот на десната надколеница, С.О.(22) со повредена лева надколеница и Р.О.(53) со убодна рана во пределот на средишниот дел од кичмата, кои се пренесени во Клиничката болница Тетово.

Л.И.(24) се здобил со убодна рана во пределот на вратот, а К.В.(21) со гребнатини на долните екстремитети и двајцата се пренесени во Ургентниот Центар во Скопје. СВР Тетово е на увид и го расчистува случајот.