Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКрвава пресметка во Охрид, прославата заврши со убиен маж

Крвава пресметка во Охрид, прославата заврши со убиен маж

При прославата на Нова година во кафе барот „Табана“ во центарот на Охрид дошло до голема расправија меѓу две групи, едните од Србија, а другите од Охрид. Обезбедувањето успеало да спречи поголем инцидент меѓу српските туристи и домашните гости, но пресметката продолжила надвор од локалот. Тука настанала трагедијата, српскиот државјанин крвнички го претепал 27 годишниот Димитар Матиловски од Охрид на самиот плоштад некаде околу 2:30 часот. Потоа интервенирала брзата помош но, Матиловски имал претешки телесни повреди и починал. СВР Охрид извршиле претрес во угостителскиот објет „Табана“ и ја пронашла групата на насилници од Србија кои се приведени, меѓу кои и осомничениот кој се претпоставува дека го извршил бруталното убиство.