Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКрвава пресметка на свадба во Авганистан

Крвава пресметка на свадба во Авганистан

Најмалку 20 убиени и детесмнина повредени е црниот епилог од вооружена пресметка која се случила за време на свадба во Авганистанската провинција Баглан

Во соопштението на полицијата се вели дека најголемиот број од жртвите се гости на свадбата, сите на возраст меѓу 14 и 60 години. Властите стравуваат дека бројот на убиените на крајот ќе биде многу поголем.

Авганистанските безбедносни сили покренаа своја истрага за целиот случај, но локалните власти објаснуваат дека овојпат не станува збор за напад од бунтовниците.

Пресметката избувнала откако бил застрелан роднина на еден од полициските функционери во провинцијата Баглан.

Повеќе од 400 гости биле собрани на венчавката на синот на угледен локален мула. Меѓу гостите биле и две групи кои долго време биле во меѓусебна караница.