HomeДЕНЕШНАСветКрвава драма во Русија: Ја ја фатил жената со пријателот, па го кастирал и ги убил двајцата

Крвава драма во Русија: Ја ја фатил жената со пријателот, па го кастирал и ги убил двајцата

House in Tatarstan region where the double murder took place

Уште една бизарна вест за патлошка љубомора пристигна од Русија. Еден ветеринар ја фатил жената и најдобриот пријател на дело и сурово им се одмаздил. По љубоморниот тинејџер која на девојката и ја „подари“ главата на момчето со кое го измамила, се појави вест за полудениот ветеринар.

Владимир Сидоров (35) ја затекнал сопругата во прегратката на својот најдобар пријател и веднаш го зел ножот. Мажот (32) го прободел неколку пати па му ги отсекол гениталиите, а потоа тргнал во напад кон беспомошната сопруга (31). Во крвавата пресметка во селото Шама во регионот на Татарстан, несреќната жена е избодена неколку пати, а двете жртви починале на местото на настанот, соопшти полицијата.

Сопругот полуден од љубомора веднаш се пријавил во полиција и ги признал убиствата. Според истрагата дента, Сидоров бил со децата, а сопругата отишла кај „пријателка која се породувала“. Но тој открил дека таа не е кај пријателката туку е некаде со неговиот најдобар пријател кој требало да ја однесе во посета. Ги пронашол прељубниците во куќата на пријателот и ги затекнал во интимна ситуација.

Извор: Sitel.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com