Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКрвава апсолвентска екскурзија за српски студенти

Крвава апсолвентска екскурзија за српски студенти

Крвава апсолвенстка екскурзија. Студент по економски науки од Крагуевац, Србија, бил избоден на крузер кој патувал на релација Барселона-Рим од друг студент. Директорот на агенцијата, „Рапсоди травел“ која ја организира екскурзијата потврдил за РТС дека инцидентот се случил во раните утрински часови, најверојатно по забавата.

Прободеното момче е сместено во болница во Рим, со два убода во стомак и еден во вратот, каде му е извршена операција и е надвор од животна опаснот. Неговото семејство веднаш долетало во Италија.

Студентот кој е осомничен дека го избодел е приведен, а италијанската поиција веќе отворила истрага за овој случај.