Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКрвав крај на грабеж во Сараево, по грешка убиен велосипедист

Крвав крај на грабеж во Сараево, по грешка убиен велосипедист

Велосипедист загина на сараевските улици по грабеж на банка. Тројца вооружени и маскирани напаѓачи утрово учествуваа во грабеж на Рајфазен банката во Сараево.

Двајца од нив влегле во филијалата и испукале еден куршум во плафонот, по што земале од службеникот одредена сума пари. Потоа со автомобил Алфа Ромео почнале да бегаат, а обезбедувањето почнало да пука по нив. По неколкуминутна бркотница повторно почнало да се пука и случајно е убиен велосипедист. Веднаш е повикана брза помош, но лекарите само констатирале смрт.
saraevo1Полицијата блокираше делови од градот и почна потрага по крадците. Засега пронајден е запален автомобилот Алфа ромео, кој тие го користеле за време на грабежот.

Фото:ДневниАваз