Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКрвав инцидент во тетовско: Дошол на гости и ранил со нож друг гостин

Крвав инцидент во тетовско: Дошол на гости и ранил со нож друг гостин

Вчеравечер, во 21 часот и 55 минути во полицијата во Тетово, од страна на лекар од Клиничката болница, било пријавено било дека биле донесени 47-годишниот И.Н. од селото Палатница-тетовско и 31-годишниот С.С. од истото село, кои имале повреди со нож. Според податоците од полицијата, едниот од нив имал убодна рана во пределот на грбот и бил итно пренесен во Ургентниот Центар во Скопје.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, извршен бил увид во куќата на С.С , по што било констатирано дека С.Х.(55) од с.Анаркија-Сарај, кој бил на гости кај неговиот зет С.С. започнал вербална расправија со И.Н. при што С.Х. извадил нож со кој му задал удар на И.Н. во пределот на грбот додека С.С. при обид да му го земе ножот на С.Х. се здобил со расекотини во пределот на рацете. По настанот С.Х. сам се пријавил во ПО-Групчин, по што бил извршен разговор.

По настанот С.Х. сам се пријавил во полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.