Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРКрушево ќе блесне во полн сјај ова лето 2015

Крушево ќе блесне во полн сјај ова лето 2015

Школата за гитара која Влатко Стефановски ја одржа во ,,Спомен куќата Тодор Проески” и концертот на хрватската група ,,Марјанке” го  најавија почетокот на ,,Крушевско културно лето 2015″

КРУШЕВО 2

Во склоп на овогодинешната програма, предвидено е на 5 јули на градскиот плоштад ,,Никола Мартиноски” поситетелите да  се забавуваат со најновото  издание на ,,Битфест 2015”.

Во рамките на програмата ,,Градиме мостови” 44 деца од различна етничка и верска припадност ќе заиграат зумба. Нивниот настап ќе биде под мотото ,, Зборуваме различно,танцуваме исто”.

На 25 јули свечено ќе биде отворена манифестацијата ,,Крушево Етно град” која изминативе години покажа одлична организација и многу задоволни посетители.

Ниту годинава нема да изостане проектот ,,Денови на влашката култура”

Манифестацијата ,,Крушевско културно лето” е доказ дека овој историски град живее во полн ек и во летниот период.