Tuesday, Mar 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКројф: „Апсурдно е да се платат 80 милиони евра за Погба“

Кројф: „Апсурдно е да се платат 80 милиони евра за Погба“

Холанѓанецот кој долги години беше посветен на Барселона како играч и како тренер, Јохан Кројф, повторно посочи остри критики за каталонскиот гигант. Според него е непромислено клубот да плати 80 милиони евра на Јувентус за да го донесе французинот Погба.

„Бројките кои постојано се вртат се неверојатни. 80 милиони евра за Погба? Тоа е чист апсурд. Претходно ги имавме Чави, Иниеста, Меси… колку чинат тие? Креиравме важен бренд како Ла Масија, кој беше успешен заедно со УНИЦЕФ.“, изјави фудбалската легенда.

Што се однесува до трансферот на Педро во Челси, Кројф гордо изјави дека Шпанецот е домашен продукт кој е усовршен под системот на Гвардиола: „Ако ги видите головите кои ги има постигнато, ќе сфатите дека тој е момче кој напорно работи и поради тоа е почитуван во Барселона.“