HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривопаланчанец починал копајќи дупка за канализација

Кривопаланчанец починал копајќи дупка за канализација

Полиција-1

38-годишен маж од Крива Паланка почина при ископ на канализација. Се работи за Ј.С. од Крива Паланка кој загинал кога при ископ на канализација на улицата „Димитар Влахов“ паднал и бил затрупан со земја. За жал, му немало спас и починал на лице место.

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com