Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривопаланчанец каснат од змија, хоспитализиран во штипската болница

Кривопаланчанец каснат од змија, хоспитализиран во штипската болница

Во штипската Клиничка болница е хоспитализиран 68 годишен граѓанин од Крива Паланка, кој бил овчар во пробиштипскиот регион, кој е каснат од змија.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека пациентот е надвор од животна опасност, а лекарите од Инфективното одделение веднаш му го дале потребниот серум.

Како што појаснил 68 годишниот овчар, додека ги пасел овците почуствувал болка во еден од прстите. На лекарите им кажал дека бил каснат од змија, која народот ја знае како шарка.

Лекарите апелираат да се внимава кога се излегува во природа, а земјоделците кои во моментов се подготвуваат за жетва да внимаваат во своите ниви, со цел да не ги касне змија или пак да не им се прикачи крлеж.