HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичен не одобри мерки за претпазливост за осомничените во „Трезор“

Кривичен не одобри мерки за претпазливост за осомничените во „Трезор“

sjo-trezor

Скопска единица го одби барањето на СЈО за определување на мерка претпазливост за тројца осомничени од аферата „Трезор“.

Во одлуката на судот се вели:

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решението на судија на претходна постапка од 04.11.2016 година за определување на мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Трезор“ на одржана седница денеска донесе решение со кое решението на судијата на претходната постапка се потврдува и жалбата на СЈО за определување мерки на претпазливост за сите три лица се одбива како неоснована“.

Во „Трезор“ се осомничени поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и членот на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ .

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com