HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичен не одговори на барањата за мерки на претпазливост за „Трезор“

Кривичен не одговори на барањата за мерки на претпазливост за „Трезор“

Основниот суд Скопје 1 се уште не дал одговор дали ги прифаќа барањата на СЈО за мерки за претпазливост за лицата за кои се осомничени во случајот „Трезор“. За едно лице се бара притвор и одземање на пасошот за три лица.

Освен тоа, за истиот случај СЈО предложи и замрзнување на имотот на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје. Во „Трезор“ четири лица од МВР, тројца од УБК и едно од министерството, се осомничени дека го оштетиле буџетот за 862.000 евра.

Вчера ниту еден судија по претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 не ги повика осомничените и не одговори на предлогот на СЈО, иако, според законот, тоа треба да биде сторено без одлагање. Потоа, откако осомничениот ќе биде повикан на разговор, рокот за решение е 6 часа.

Извор: mkd.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com