HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичен го одби барањето на СЈО за изземање на судија во Трезор

Кривичен го одби барањето на СЈО за изземање на судија во Трезор

Барањето на Специјалното обвинителство за изземање на судија на претходна постапка која треба да одлучува за определување мерки за претпазливост против три лица опфатени во случајот „Трезор“ е одбиено, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

„Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое барањето се одбива бидејќи не се основани причините за изземање на судија кои СЈО ги навел во своето барање“, велат од судот. На истото решение, со оглед дека се работи за изземање на судија на претходна постапка, СЈО има право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

Специјалното обвинителство побара изземање на судијката затоа што според нив, нејзиниот девер бил вработен во фирма која соработувала со фирмата Финзи. Финзи е компанијата, чиј управител е сега починатиот Коста Крпач, преку која според СЈО се одвивала спорната набавка на опрема за УБК во случајот „Трезор“.

„Во врска со жалбата на СЈО против решението на судија на претходна постапка со кое не беше прифатен предлогот на наведеното обвинителството за определување мерка притвор против едно лице, ја информираме јавноста дека решението е експедирано до странките како и жалбата која веднаш е доставена на одговор кај спротивната страна, а по комплетирање на списите во предметот и враќање на сите доставници истиот ќе биде доставен на надлежно постапување кај Кривичниот совет“, соопштија од судот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com