Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривична за благајничка во банка која исплатила пари на лажен полномошник

Кривична за благајничка во банка која исплатила пари на лажен полномошник

ПС Делчево поднесе кривична пријава против М.А. (57) од Виница, благајник во Стопанска банка Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 01.04.2016 година до 11.04.2016 година, пријавениот, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, без да ја побара потребната документација за идентификација на лицето Е.А., кој се претставил како А.А. (лице кое од страна на оштетениот С.Ј. е ополномоштен да располага со неговите паричните средства) од сметката на оштетениот С.Ј. во четири наврати, на Е.А. му исплатил 60.500 денари, кој се потпишал на местото на примач на парите како А.А.