Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривична за светиниколчанка, пазарела со фалсификувани евра

Кривична за светиниколчанка, пазарела со фалсификувани евра

НК КР Свети Николе-СВР Штип до Основнен јавен обвинител поднесе кривична пријава против Д.Н.(38) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „фалсификување пари“.

Таа набавила една фалсификувана банкнота во апоени од 100 евра и во мај ја пуштила во оптек во маркет во Свети Николе каде ја заменила за 6.100 денари со кои купила продукти и заминала.