Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривични пријави за двајца жители на Матејче, незаконски чувале оружје

Кривични пријави за двајца жители на Матејче, незаконски чувале оружје

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Ј. (60) и седумнаесетгодишник, двајцата од кумановското село Матејче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на првопријавениот во с. Матејче, пронајдени се ловна пушка калибар 16 мм, два куршуми со калибар 7,9х57 мм и еден проектил калибар 7,9х57 мм што ги поседувал без дозвола. Додека  при извршен претрес во домот на второпријавениот на ул. „Карадачки Одреди“,  пронајдени се пиштол калибар 7,62 мм, полуавтоматско огнено оружје, една рамка и шест куршуми што ги поседувал без дозвола.