Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривична за двајца скопјани, пазареле со лажни банкноти

Кривична за двајца скопјани, пазареле со лажни банкноти

СВР од Охрид и полициската станица од Струга поднесоа кривични пријави против двајца скопјани, поради основан сомнеж дека фалсификувале пари.

Охридската полиција поднесе пријави затоа што во Охрид пријавените во март годинава на бензинска пумпа, при купување цигари, пуштиле во оптек фалсификувана банкнота од 500 денари.

Полициската станица-Струга поднесе пријави затоа што пријавените во април и мај 2016 година во Струга во четири наврати, при купување производи во четири продавници, пуштиле во оптек седум фалсификувани банкноти во апоени од по 500 денари.