Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичниот суд најави пробивање на рокот за одлуките по барањата на СЈО

Кривичниот суд најави пробивање на рокот за одлуките по барањата на СЈО

Од Кривичниот суд денеска соопштија дека се уште се постапува по барањата на СЈО за определување на притвор и мерки за претпазливост против повеќе лица опфатени во обвиненијата.

„Ја информираме јавноста дека сите предлози веќе се распоредени во работа пред Кривичните совети на овој суд и по истите се постапува“, е наведено во соопштението.

Според судот, со оглед на големиот број на предлози и лицата опфатени во нив, како и доказниот материјал, судиите вложувале напори да донесат одлуки во законски предвидениот рок. Но, како што истакнуваат од судот, по донесување на одлуките и завршување на целокупната процедура, која не може да се предвиди колку ќе трае, јавноста ќе биде информирана кога ќе бидат донесени одлуки на Кривичните совети.