HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичниот суд на први јули ќе ги разгледува приговорите на одбраната во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд на први јули ќе ги разгледува приговорите на одбраната во случајот „Поткуп“

Скопскиот Кривичен суд на први јули на седница ќе ги разгледува приговорите во врска со обвинението за примање на поткуп против лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во соопштението од скопска единица стои дека судот го прифатил барањето на одбраната за одржување седница на која Советот ги цени наводите наведени во приговорите против обвинителниот акт и основаноста на актот во однос на списите и доказите приложени кон него од страна на јавниот обвинител.

Заев се товари за дело поткуп, бидејќи како што тврди обвинителството од Струмичанец побарал 200 илјади евра за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com