Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичниот го отстрани проблемот – ќе издава потврда за осуденост

Кривичниот го отстрани проблемот – ќе издава потврда за осуденост

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека денеска претпладне бил остранет проблемот со автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) и дека нема никаков застој во издавањето на потврдите за неосудуваност на кандидатите за градоначалници.

„Ја известуваме јавноста дека во петок, 15 септември 2017 година, во попладневните часови е констатиран проблем со системот за што веднаш е известена компанијата задолжена за негово одржување, по што денеска во 11 часот проблемот е отстранет, системот функционира и нема никаков застој во издавањето на уверенијата од казнената и од кривичната евиденција“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Државната изборна комисија (ДИК) во петокот добила известување од судот дека АКМИС не работи, поради што судот не може да издава потврди за неосудуваност на кандидатите за градоначалници.

Поради ваквата ситуација ДИК издала насоки до општински изборни комисии во Скопје да не подготвуваат решенија за отфрлање на поднесените листи на кандидати во кои не се доставени вакви потврди и уверенија, сè додека АКМИС повторно не проработи и судот не почне да ги издава потврдите и уверенијата.