Tuesday, Dec 12, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривични пријави главно оружје против СЈО

Кривични пријави главно оружје против СЈО

Обвинителите и истражителите од Специјалното јавно обвинителство за само неколку дена си заработија десетина кривични пријави за заплашување, притисок, понуда за поткуп и злоупотреба на службена положба од страна на потенцијални сведоци, но и полициски службеници, судии и вработени во јавната администрација.
katica janevaВо кривичните пријави се наведува дека лицата кои биле повикани на распит од СЈО биле вербално малтретирани, а им се вршеле и прихолошки притисоци со прикажување на оружјето на истражителите. Исто така им биле упатувани и закани ако не „проговорат“ дека ќе заглават во затвор и ќе сносат тешки последици.
mvr1Власта и понатаму се обидува да го делегетимира СЈО како пристрасна и партизирана институција и дека нивните процедури се назаконски, не ги следат прописите и дека без докази се обидуваат да „натоварат“ некого. Од друга страна, опозицијата и повеќе европски политичари побараа да не се врши притисок врз СЈО кое мора да си ја заврши предвидената задача за расчистување на сите наводни криминали спомнати во незаконските телефонски разговори.