Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривична за штипјанец: Се заканувал на двајца министри и еден пратеник

Кривична за штипјанец: Се заканувал на двајца министри и еден пратеник

38 годишен штипјанец заработи кривична пријава поради закани кон двајца министри во Владата на Р. Македонија и еден пратеник во републичкото собрание, информираат од штипскиот сектор за внатрешни работи. Пријавениот во текот на минатиот и пред минатиот мецес, од неговиот мобилен телефон, од својот фејсбук профил, преку интернет апликацијата „месенџер“, во повеќе наврати по пат на информатички систем им ја загрозил сигурноста на тројцата политичари.

– Пријавениот испратил пораки со заканувачка содржина дека ќе нападне врз нивните животи и тела на „фејсбук месенџер“ профилите сопственост на оштетените.-изјави Гордана Панајотова-портпарол на СВР-Штип

Поради тоа што се работи за службени лица, односно функционери во извршната власт и законодавниот дом, лицето од Штип со иницијали Ј.П. сторило кривично дело „загрозување на сигурноста“, за што може да заработи и затворска казна.