Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривична за Мирослав Грчев за злоупотреба на службена положба

Кривична за Мирослав Грчев за злоупотреба на службена положба

За злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353 од кривичниот законик, партискиот вештак на СДСМ, Мирослав Грчев е повикан во просториите на Основното Јавно обвинителство во понеделник.

Имено, Грчев е пријавен за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик на РМ. Овој член го санкционира искористувањето на службената положба од страна на службено лице со цел да прибави за себе или за друг некаква корист или на друг да му нанесе штета. Најмалата запретена казна во ставот 1 од член 353 е затвор од шест месеци до три години.

Грчев во понеделник треба да се појави во Основното јавно обвинителство во Скопје, по поканата што ја добил како пријавен за сторено кривично дело.