Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривична за кумановци кои спречиле „пајак“ да им го подигне возилот

Кривична за кумановци кои спречиле „пајак“ да им го подигне возилот

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Д.З.(30) и Б.Ј.(29), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

На 2. март годинава во 11.10 часот на ул. „11. Октомври“ во Куманово, пријавените откако се приближиле до патничкото бозило „Рено“, сопственост на првопријавениот, а кое било непрописно паркирано и во тек било подигање со специјално возило на пајак службата,тој започнал вербална расправија со полициски службеник од СВР Куманово.

Потоа двајцата започнале насилно да ги отстрануваат канџите од возилото со цел да го спречат полицискиот службеник да го подигне непрописно паркираното возило.

Насилниците биле приведени во СВР Куманово.