Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривична против Илија Србиновски за корупција во земјоделство

Кривична против Илија Србиновски за корупција во земјоделство

Актуелниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски побарал од јавното обвинителсто преку одделот за истрага за организиран криминал и корупција да се покрене кривична пријава против Илија Србиновски како директор на подрачната единица на министерството во Битола за сторени повеќе малверзации со државно земјиште и користење на финансиска помош. Претходно Николовски откри повеќе детали за работата на екс пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој заедно со неговото семејство добиле земјоделска обработлива земја со површина од 45 хектари и високи субвенции и има сомнежи за корупција и судир на интереси.