Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКривична пријава за прилепчанка – измамила цел менаџмент на хотел во Струга

Кривична пријава за прилепчанка – измамила цел менаџмент на хотел во Струга

Четириесет и четири годишната прилепчанка М.В. поради основи на постоење сомнение за сторени кривични дела „измама“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „посебни случаи на фалсификување исправа“ заработи кривична пријава.

Во хотелот „Бисер“ во Струга пријавената се претставила како претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија, при што потпишала договор за престој на 52 лица во хотелот во периодот од 14-ти до 19-ти август вреден 338.068 денари. При тоа, на менаџерот на хотелот му приложила исправа со невистинита содржина односно тековна состојба на Конфедерацијата од февруари оваа година.

При увидот на измамата, менаџерот го откажал престојот на 52-те лица  за кој, според нивни кажувања, претходно и биле исплатени пари на пријавената.