Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривична пријава против Бугарин за фалсификување платежни картички

Кривична пријава против Бугарин за фалсификување платежни картички

Бугарскиот државјанин Ј.Ј.И. (29) доби кривична пријава поради сомнение за правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување и изработка и употреба на лажна платежна картичка.

Ј.Ј.И. во периодот од 12.02 до 24.02.2016 година неовластено набавил уреди за снимање на банкарски податоци и банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носителите на тие платежни картички. Тој, четири пати поставил нелегална опрема за копирање податоци од платежни картички (скимер уреди) на банкомати на домашни банки лоцирани во повеќе градови во Македонија со цел да набави банкарски податоци од вистински платежни картички на македонски државјани и податоци за носители на тие платежни картички. Ниту една банка досега не пријави штета.

Преку Секторот за меѓународна полициска соработка лицето било идентификувано, а било потврдено дека Ј.Ј.И. бил приведен на 14.05.2016 година во Букурешт, Република Романија, исто така, по поставување на скимер уред на банкомат.