Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривична пријава против Александар Атанасов за директорување со Водовод без признаена диплома

Кривична пријава против Александар Атанасов за директорување со Водовод без признаена диплома

Директорот на ЈП Водовод, Александар Атанасов заработи кривична пријава од СУТКОЗ за директорување со јавното претпријатие без признаена диплома. Претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски пред празниците обелодени документи од министерството за образование и наука според кои дипломата на Атанасов не може да биде признаена во земјава бидејќи не се наоѓа на ниту една релевантна меѓународна листа на признаени факултети. Директорот на Водовод, Атанасов остана недостапен за јавноста. Инаку, според информации на Позитив.мк, денеска трудови инспектори го посетиле јавното претпријатие и ги истражувале и случаите на деградирани и отпуштени работници.
krivicna za atanasov 1

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница