Friday, Jul 21, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаКривична пријава е поднесена за раководителот на националниот парк „Маврово“

Кривична пријава е поднесена за раководителот на националниот парк „Маврово“

mqdefault

Четириесет и осум годишниот раководител на националниот парк „Маврово“ од Гостивар добил кривична пријава „злоупотреба на службена положба и овластување“. Исто така кривична пријава е поднесена и против гостиварчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Од МВР информираат дека раководителот на ЈУ „Национален парк Маврово“ ја искористил службената положба и постапил спротивно од Законот за Шуми, незаконски му потполнил и издал дозола на гостиварчанецот за сеча и тоа дури на вкупна дрвна маса од два кубни метри.Товарачот на дрва бил забележан од полицијата како со трактор пренесува дрва за огрев кои не биле регистрирани за сеча и одобрени за продажба.