Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичен објасни зошто нема притвор за осомничените во „Титаник“

Кривичен објасни зошто нема притвор за осомничените во „Титаник“

Основниот суд Скопје 1 ја образложи одлуката да не им изрече мерка притвор на осомничените од Специјалното јавно обвинителство во акцијата наречена „Титаник“, но одлуката не е правосилна и има простор за жалба и бара од медиумите да не се вршат притисоци врз судиите.

sjo pres obvinitelki1Според судот во моментот на поднесување на предлозите за определување мерка притвор наведените лица за кои се бара оваа мерка не се доведени во судот односно не е поднесен посебен предлог за приведување, а согласно чл. 157 од ЗКП наредба за приведување на обвинетите може да издаде судот ако постојат основи за притвор од чл.165 од овој закон под услов ако веќе е донесено решение за притвор или ако уредно повиканите обвинети не дојдат, а својот изостанок не го оправдаат или ако не можело да се изврши уредна достава на поканата, а од околностите очигледно произлегува дека обвинетиот го одбегнува приемот на поканата.

sudПотврдена е мерката за обезбедување на лицето Е.Т. кое треба еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен. Едно лице во договор на судија на претходна постапка и обвинителот кој го издал предлогот издадена е покана до лицето И.Г. да се јави во понеделник пред судијата како би можело судот да постапува по предлогот. Досега во судот сами се појавиле и лицата М.Ј., М.П., и К.М., во присуство на нивните полномошници.

sud2По однос на останатите четири лица од страна на нивните полномошници судот записнички е известен дека лицата поради патување, за што се презентирани авионски карти не се во можност веднаш да се јават во судот, но дека ќе се јават тогаш кога ќе определи судот. При што на полномошните им е соопштено и записнички констатирано лицата да се јават во определено време што се смета за уредно поканети и постапувањето по предлогот за овие лица е одложен за тогаш.

Одлуката на судот не е правосилна и има простор за жалба која од Специјалното јавно обвинителство рекоа дека ќе ја достават. Откако ќе се одлучува за жалбата правосилната одлука ќе биде објавена од страна на Кривичниот суд при Основен суд Скопје 1.

Автор: Христијан Станоевиќ

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница