Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКрива Паланка против исламизација на градот – зад плакатите на протестот се крие говор на омраза?

Крива Паланка против исламизација на градот – зад плакатите на протестот се крие говор на омраза?

Соларски мост е местото на кое вчера околу 3000 луѓе се собраа да протестираат против изградба на џамија во Крива Паланка. Јасен е ставот на организаторите на протестот кои велат дека никој не смеел да гради џамија без дозвола и документи, особено откако граѓаните потпишале и петиција, но спорниот момент се пронајде во мотото и плакатот на демонстрацијата.

plakat protest kriva palanka


„На дното од плакатот, со црвено се пречкртани слики на пет исламски верски објекти, односно џамии. Платформата против говор на омраза, најстрого го осудува говорот што се користи во плакатот и смета дека тој претставува говор на омраза кој предизвикува омраза и нетрпеливост врз верска основа. По социјалните мрежи и на медиумите, веќе се забележуваат реакции на граѓани предизвикани од ваквиот говор” – велат од центарот за слобода „Цивил“.


На ова се изјаснија и од „Унети“ кои силно го осудува нападот врз верскиот муслимански објект во градот Крива Паланка.


„Ние потсетуваме секого дека основните права и слободи на човекот, како и верските слободи и права се гарантирани со Универзалната декларација на ОН и со Уставот на Македонија и никој не смее да ги прекршува истите. Апелираме до органите на редот што побрзо да се откријат вандалите и да се изнесат пред правдата, а Владата да не поттикнува меѓуверски и меѓуетнички инциденти за да ги покрива неуспесите на политички план“, велат од партијата.