Wednesday, Jul 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаГерманската амбасадорка Алтхаузер распали по македонското судство

Германската амбасадорка Алтхаузер распали по македонското судство

Амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер, не штедеше зборови на критика за работата на судиите и јавните обвинители. Денеска пред дел од претседателите на судовите, академиците и универзитетските професори, дојдени на дебата за независноста на судството, предочи дека:

„Судиите и јавните обвинители не можат да се справат со притисоците.“

Алтхаузер констатираше дека самиот избор на посебен јавен обвинител ,кој треба да работи на индициите за криминал кои произлегоа од „Бомбите“ на Заев, се неминовен доказ дека, како што изјави, работите не се какви што би требало да бидат.

Лидија Неделкова, претседател на Врховен, која пред неколку денови даде изјава дека медиумите се тие што вршат притисок врз работата на судиите, денеска одлучи да го повлече тој став и сепак призна дека има проблеми во независноста на судството.

Неделкова, замајќи го в предвид извештајот на Прибе, призна дека и досега требало да се работи на спречувањето на притисоците. Додека, пак, првиот човек на МАНУ, Камбовски, очекува забелешките на Прибе за судството да се најдат во редовите на извештајот за напредок на Македонија кој го објавува Европската Комисија.

Од мисијата на ОБСЕ во земјава посочија дека постојат индикатори за неоправдано влијание при назначувањето на судии оваа година.


Н.С