Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКритично на Хиос: Се замозапали бегалец

Критично на Хиос: Се замозапали бегалец

Млад бегалец од Сирија е префрлен со тешки изгореници од островот Хиос во Атина откако се обиде да се самозапали во бегалски камп. Момчето на возраст од 29 години се лекува во Атина со тешки рани. Хоспитализиран е и грчки полицаец кој се обидел да го спречи во обидот да се запали среде полниот бегалски камп на островот.

Сè уште не се познати причините поради кои момчето се обидело да се самозапали. Претпоставките на грчките медиуми се дека се работи за обид за протест поради тоа што бил заглавен во бегалскиот камп подолг период. Според информациите во Грција, бегалецот од Сирија бил во кампот на Хиос од 22 март годинава.

Момчето на простор каде што имало уште десетици други бегалци, жени и деца, се полеал со запалива течност и се заканувал дека ќе се запали. Полицаецот му пришол од зад грб за да се обиде да ја собори запалката од неговата рака, но во истиот момент бегалецот се запалил. Полицаецот е со полесни повреди на телото и на лицето, но бегалецот има сериозни повреди на повеќе од 80 отсто од телото.

Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас денеска изјави дека ситуацијата во камповите за мигранти на Хиос е доведена до критична точка. Според министерот, на грчкото копно досега се пренесени 2.500 бегалци и мигранти, а 1.200 сами се префрлиле. Најдобар начин, според него, за процесот за барање азил да оди побрзо и да се зголеми бројот на мигранти што се враќаат во Турција, е да се создадат „затворени“ прифатни центри, за кои владејачката партија Сириза се изјасни против кога беше во опозиција. Според официјални податоци, на Хиос има вкупно 3.500 мигранти и бегалци.