Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКритична состојбата на јавниот долг во Хрватска со раст од 58 евра во секунда

Критична состојбата на јавниот долг во Хрватска со раст од 58 евра во секунда

Секој жител на Република Хрватска е задолжен за над 67.000 куни, а секое вработено лице над 187.000 куни, објавува првото издание на списанието „Бројач на јавен долг“, дело на Здружението на даночните обврзници.

Брзиот раст на јавниот долг за дури  443,66 куни, односно 58 евра во секунда, сериозно го нарушува нивото на БДП, а претставува и дополнително предупредување на граѓаните и власта за сериозноста на состојбата.

Во главниот град е предвидено да се појават пет LED дисплеи кој ќе ја прикажуваат состојбата на јавниот долг во реално време, јавниот долг по жител и по вработен.