Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКристијан, внукот на Тоше е спремен за голема кариера

Кристијан, внукот на Тоше е спремен за голема кариера

Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, со сигурност ќе ги следи неговите стапки што најдобро ја покажува неговата одлука да се запише на факултетот ЕСРА каде ќе изучува интерпретација на модерна музика, како и музичка продукција, пренесува Вест.

Кристијан сега е веќе големо момче, има 18 години, свири гитара и тапани, а ќе снима во Лондон кај популарниот композитор Енди Рајт, па сите му посакуваат успешна кариера и враќање на спомените за Тоше Проески.

Извор: vest.mk