Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКристал Палас застана на патот на Челзи, Тотенхем триумфираше

Кристал Палас застана на патот на Челзи, Тотенхем триумфираше

Благодарение на фудбалерите на Кристал Палас се врати неизвесноста во шампионатот на англиската Премиер лига. “Орлите” во 29 коло славеа на Стемфорд Бриџ против Челзи со резултат 2-1.

Сите голови паднаа во првите десет минуту од првото полувреме, на домаќинот и беа потребни само пет минути за да го преземе водството. Со помош на асистенцијата на Еден Азар погоди Цеск Фабрегас.

Сепак, тоа не го разниша Кристал Палас, туку за само две минути тие направија пресврт. Прво, Вилфред Заха за изедначување, а кратко време Кристијан Бентеке маестрално го совлада Куртоа за победа на Палас.

Предноста на табелата се намали за седум поени, бидејќи Тотенхем лесно победи на гостувањето кај Барнли со 2-0.