HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКристал Палас без напаѓач до крајот на сезоната

Кристал Палас без напаѓач до крајот на сезоната

crystal-palace-conor-wickham-premier-league-stoke_3390075

Проблемите продолжуваат за Алан Пардју. Кристал Палас остана и без Конор Викам кој ги скина лигаментите на коленото и ке мора веднаш на операција. Викам повредата ја заработи на натпреварот со “Лебедите” каде беше заменет во 52 минута, за на негово место да влезе Андрос Таусенд во трилерот кој гостите од Кристал Палас го загубија со 5-4.

Повреден е и Лоик Реми па така на таа позиција Палас останува само со уште еден шпиц, Кристијан Бентеке. Па поради овие проблеми со повредите Пардју очигледно ќе мора да побара нов играч во нападот на трансфер пазарот во јануари. Конор Викам оваа година одигра 8 натпревари за Кристал Палас при тоа постигна два гола и забележа една асистенција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com