Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисКрис Еверт: Надал не може да го победи Ѓоковиќ ниту на земја

Крис Еверт: Надал не може да го победи Ѓоковиќ ниту на земја

Крис Еверт, поранешна прва тенисерка на светот и освојувач на 18 Грен слема, смета дека Надал неможе да го загрози Ѓоковиќ на ниту една подлога. Ѓоковиќ со триумфот во финалето во турнирот во Доха, за прв пат успеа да дојде до предност кога се меѓусебните дуели со Шпанецот во прашање и сега води со 24:23. Српскиот тенисер доминира во натпреварите со Надал во последните две години, а успеа да го добие и на Ролан Гарос. Крис Еверт смета дека Надал ќе биде подобар оваа сезона, но нема да го загрози Ѓоковиќ.

,,Сметам дека Рафа ќе биде подобар од минатата сезона. Но, како што можевме да видиме во финалето во Доха, во овој момент тој не е ниту блиску да го победи Новак на било која подлога. Тоа ќе биде неговиот приоритет, ќе се обиде да направи начин да го направи тоа, ќе се обиде да ги победи момците кои се пред него. Очекувам да забележи напредок од петата позиција, но не сум точно сигурна до каде ќе може да оди”, истакна Еверт.